fbpx
mebel

За Шуман

Приказната за ШУМАН започна со поимот оригиналност. Во 2008 год.
Потребата за идеалност и совршенство на формите беше неисцрпна инспирација за да создадеме сосема нов, нестереотипен, современ начин на искористување на просториите.
Се работи за сосема нов, дизајнерски и креативен правец на форми, дезени и бои кои се вклопуваат во секаков вид простор и му даваат прекрасен луксузен и несекојдневен изглед.
Наменет е за сите кои сакаат да го почувствуваат луксузот и удобноста на еден модерен стил, естетски привлечен и совршено изработен.
Финалниот дизајн или изглед на нашиот производ претставува спој од оригинален дизајн споен со исконски, безвременски изглед и квалитет транспарентен на најреномираните светски препознатливи брендови.
Се карактеризира со форми проткаени во еден вид уметност на творењето и префинетост на вкусот за уредување на просторот.

НАШАТА МИСИЈА

Нашата мисија е да создадеме иновативни простори, кои се инспирирани, креативни, функционални, уникатни и го нагласуваат или дополнуваат вашиот животен стил.

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашата визија е да создадеме димензионалност на просторот, да го претвориме во простор прилагоден на динамичноста на времето во кое живееме, кое налага промени и воведување на нов правец на распоредување и осовременување на елементите во домот.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

  • Оригинален дизајн
  • Безвременски изглед
  • Премиум квалитет