
За Шуман Инжинеринг
Приказната за “ШУМАН ИНЖИНЕРИНГ ДООЕЛ” започна со поимот оригиналност.
Со ребрендирање на постоечката “Билдинг Трејд”која беше основана на 03.05.2008 год.
Потребата за идеалност и совршенство на формите беше неисцрпна инспирација за да создадеме сосема нов, нестереотипен, современ начин на искористување на просториите.
Се работи за сосема нов, дизајнерски и креативен правец на форми, дезени и бои кои се вклопуваат во секаков вид простор и му даваат прекрасен луксузен и несекојдневен изглед.
Наменет е за сите кои сакаат да го почувствуваат луксузот и удобноста на еден модерен стил, естетски привлечен и совршено изработен.
Финалниот дизајн или изглед на нашиот производ претставува спој од оригинален дизајн споен со исконски, безвременски изглед и квалитет транспарентен на најреномираните светски препознатливи брендови.
Се карактеризира со форми проткаени во еден вид уметност на творењето и префинетост на вкусот за уредување на просторот.
НАШАТА МИСИЈА
Нашата мисија е да создадеме иновативни простори, кои се инспирирани, креативни, функционални, уникатни и го нагласуваат или дополнуваат вашиот животен стил.
НАШАТА ВИЗИЈА
Нашата визија е да создадеме димензионалност на просторот, да го претвориме во простор прилагоден на динамичноста на времето во кое живееме, кое налага промени и воведување на нов правец на распоредување и осовременување на елементите во домот.
НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ
- Оригинален дизајн
- Безвременски изглед
- Премиум квалитет