Политика за замена, односно враќање на производ на барање на Потрошувач
Оваа Политика за замена, односно враќање на производ на барање на Потрошувач ја опишува постапката како и кога е прифатена рекламација на производ.
Потрошувачот има право во “SHUMAN” да го замени или врати производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, избраната боја, или бројот, освен во случај на купен производ изготвен по нарачка од потрошувачот врз основа на писмен договор, што е во согласност со член 50 од Законот за заштита на потрошувачите.
Потрошувачот правото за замена односно враќање на производ може да го оствари во рок од 7 дена сметано од денот на подигање т.е. достава на производот.
За остварување на правото за замена односно враќање на производ согласно оваа Одлука важат следните законски услови:
-
производот не бил употребуван;
-
сочувани се: изгледот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети на производот;
-
при поднесување на барање за замена односно враќање на производ задолжително се приложува фискалната сметка, про-фактурата или фактурата и целокупната друга пропратна документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.
